Истражување докажува дека само едно користење на мapихуaнa го менува мозокот!

Канабисот го оштетува мозокот на тинејџерите

Во истражувањето објавено во списанието „Журна оф неуросајнс“ учествувале 46 тинејџери кои изјавиле дека користеле кaнaбиc еднаш или два пати пред да наполнат 14 години. Истражувачите потоа ги споредиле нивните снимки на мозокот со снимки од тинејџери кои не пробале кaнaбиc, пишува „Поп шугар“.

„Изгледа дека дури и едно до две консумирања на кaнaбиc доведува до промена на структурата на сивата мозочна маса кај тинејџерите, иако многу луѓе мислат дека тоа не е возможно.“, рече Хју Гараван, главниот автор на студијата и професор по психијатрија на универзитетот во Вермонт.

Поради тоа експертите советуваат да се разговара со децата за негативното влијание на дрoгaтa и aлкoхoлoт на нивниот развој и посебно да им се даде до знаење дека користењето на мapихуaнa доведува до промена на структурата на делот од мозокот кој ги обработува сеќавањата, емоциите и здравото расудување.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.