Истражувањата покажуваат дека насмеаните луѓе живеат подолго и заработуваат повеќе

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои повеќе се смеат живеат подолго, заработуваат повеќе и другите повеќе им веруваат.

Луѓето кои искрено се смеат им испраќаат порака на другите дека можат да им се доверат и да соработуваат со нив. Исто така, оние кои повеќе се насмевнуваат, оставаат впечаток на великодушни и отворени личности.

Насмевката, исто така, може да ве извлече од непријатните ситуации.

Луѓето кои се фатени како ги кршат правилата понекогаш реагираат со насмевка, а американското истражување покажало дека тоа е добар потег, бидејки на пример, студентите кои се насмеале кога биле фатени дека препишуваат, добиле поблаг прекор од професорите.

Економистите откриле дека смеењето има парична вредност, а пример се насмеаните келнерки кои секогаш добиваат поголем бакшиш, а стјуардесите понекогаш биле платени за да се смеат.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.