Исчистете ги митисериите на носот со природен третман

Речиси и да нема личност која не ја мачат митисериите на носот.

За да не продолжите да се мачите со истите и да не трошите пари на третмани и пилинг, митесириите на носот можете да ги отстраните и самите, во домашни услови по далеку поефтина цена.

1. Сварете вода и парете го веќе претходно измиеното лице над истата највеќе десет минути. Не заборавајте дека за оваа метода на чистење неопходно е да ја прекриете главата со крпа со цел пареата да биде насоќена кон лицето.

2. Она што следи е чистење на носот со пилинг направен од лажичка сода бикарбона и лажичка вода. Масирајте го пределот на носот со оваа смеса 3-5 минути, а потоа измијте го лицето со вода.

3. За крај ви е потребна промешана белка од јајце, која ја нанесувате на пределот на носот и околу него го прекривате делот со исечена лента на палома, или тоалетна хартија. После неколку секунди повторно го нанесувате остатокот од белката на хартијата, па чекате добро да се исуши. Кога ќе го отстраните вашата кожа ќе биде мазна и без митисерии.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.