Исчезна 14 годишно девојче во Скопје, родителите молат за помош

Вања Ѓорчевска од Скопје, 14-годишна ученичка во деветто одделение, е исчезната од утринава.

Во 7.34 телефонот и бил исклучен, а од Вања немало траг. Полседен пат била видена во Дебар Маало, на пат кон Песталоци.

-Никогаш не се случило вакво нешто, ќерка ми е примерна ученичка, одговорна личност. Се сомневам дека е киднапирана! Обично на училиште оди заедно со сестра и, денес сестра и остана дома и Вања тргна сама. Другарките не знаат ништо, класната наставничка е вознемирена, проверивме социјални мрежи, нема ништо! Затоа и се поголем ни е сомнежот дека е насила одведена – појаснува вознемирената мајка.

Вели дека случајот го пријавила во полиција.

Девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели Најк патики со кафеава лента.

Секој кој има било каква информација да се јави во полиција или пак кај мајката на телефонскиот број 075 400 816.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.