ИНТЕРВЈУ: Лила ни открива како се одржува во беспрекорна форма и колку внимава на здравјето

2,944

Таа е најдобриот македонски водител. Со години е присутна на македонската сцена, но нејзиниот изглед и убавина е безвременски..Тоа е Лила Филиповска

Како се грижите за своето здравје?

Лила -Во случајов немам некој спектакуларен ритуал, ниту формула,  едноставно здравиот начин на живот е мој начин на живот. Пред се тука мислам на храната, но морам да признаам дека имам голема среќа што не спаѓам во групата на гурмани. Така што мојата исхрана се сведува на домашната македонска кујна, со многу салата, пилешко и риба и со максимално исклучување на лебот… Но на сметка на тоа единствен грев ми се слатките од кои немам намера да се откажам. Секако тука е сонот кој што ми е многу битен и редовната посета на фитнес центар.

Дали пиете витамини и суплементи за одржување и подобрување на здравствената состојба?

Лила -Од витамини можам да го издвојам Ц витаминот, и магнезиумот кој што е неопходен за сите оние кои имаат физичка активност.

Дали редовно посетувате стоматолог?

Лила – Не можам да кажам колку често, но ќе кажам редовно. Оралното здравје и хигиена ми се многу битни и можам да се пофалам  дека за среќа сеуште имам мои заби кои што се чисти бели и здрави.

 Што најчесто е присутно на вашата трпеза?

Лила – Риба, месо, салата…Секако со што помалку јадење на леб.

Како ја одржувате вашата линија и каде ги зацврстувате мускулите?

Лила -Веќе долги години вежбам во фитнес центарот КАН ЏИМ со мојот личен тренер Бане кој што точно знае што и како треба да вежбам за да ја имам посакуваната форма. Да се разбереме мојата цел не е да бидам набилдана или да правам мускули за на парада, туку да имам добра дефиниција на телото, фит форма. И да ја одржувам мојата тежина која што е иста последниве 20 години.

Како се грижите за вашата кожа и кој е рецептот за вечно млада и убава?

Лила -Можеби мојот најголем адут е токму кожата, за која што се заблагодарувам на мајката природа и секако мојата мајка. Генетиката е чудо, но сепак, морам да признаам дека исклучително многу се грижам за мојата кожа, најнапред дома, каде што имам цел асортиман на масла и креми за тело, но најчесто користени ми се кремите на база на кокос и архан и топло ги препорачувам и секако уживам во честите масажи вклучувајќи ја МАДЕРО ТЕРАПИЈАТА, и терапијата со вулкански камења во мојот омилен салон МИС ЕН Кој што ми е како втор дом.

Дали се плашите од одење на лекар?

Лила -Апсолутно немам фобија од ништо а камоли од одењето на лекар.

Напротив одам на лекарски прегледи, затоа што здравјето е секако на прво место.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.