Инфекциите на грлото се опасни за срцето!

Стрептококите се бактерии кои најчесто се насобираат во крајниците можат лесно да се пренесат од крајниците во многу други органи во организмот, најчесто бубрезите, зглобовите, но и срцето. Научниците потенцираат, хроничните крајници треба да се отстранат хируршки, доколку тие се чуваат до постара возраст се резервоар на бактерии, можат да бидат причинители за воспаление на синусите, проблеми со гингивите, воспаление на ушите и слично, пренесува порталот Доктори.мк.

Воспаление на срцевиот мускул се случува често како резултат на не лекувани или неправилно лекувани крајници или воспаленија на грлото. Причина за овие воспаленија се стрептококите кои се речиси редовно присутни при воспаленијата на крајниците, велат микробиолозите. Стрептококните инфекции можат да дадат сериозни симптоми, како што е температура, гноен исцедок, големи отоци, но можат да бидат и скоро асимптоматски. Најсериозната компликација при стрептококната инфекција е воспаление на срцевиот мускул, или миокардитис.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.