Индискиот сој на коронавирусот детектиран во Хрватска
Ива Пем Новосел од Хрватскиот завод за јавно здравство, во емисијата Студио 4, изјави дека во Хрватска е детектиран индиски сој на коронавирусот.
Пем Новосел вели дека во Хрватска е најзастапен британскиот сој, но дека во неколку случаи е детектиран и индиски сој.
Новите соеви се доста заразни и голема е можноста за брзо пренесување, но да не се шири паника, свесни сме за неговото присуство, додава таа.
-Откриен е пред неколку дена во Сплитско-далматинската жупанија, но тоа се индивидуални случаи и нема причина за панија, вели таа, додавајќи дека и понатаму треба сите да бидат претпазливи, пренесе ХРТ.