Имате долга или кратка дланка – што открива тоа за вас?
Должината на дланката може да открие многу за карактерот, талентите, склоностите. Измерете ја вашата дланка според упатството во продолжение и дознајте нешто за себе што до сега не ви било познато!
Ставете ја левата дланка на подлактицата, палецот поставете го во висина на лактот, а средниот прст спрема другата дланка. Ако средниот прст ви достигнува до зглобот, тоа значи дека имате големи дланки. Ако ситуацијата е обратна, прстот не го достигнува зглобот, дланките ви се мали.
Оние личности кои имаат долги дланки се вистински перфекционисти, добро концентрирани на детаљите. Ако припаѓате во оваа група, бидете внимателни затоа што перфекционизмот исцрпува, па во некои моменти може и да се одрази на вашето секојдневно функционирање. Сите сметаат на вас како на добар работник кој секоја задача ја одработува беспрекорно. Притоа сте осетливи на критики, импулсивни сте и често знаете да претерате. Добро се согласувате со останатите, а понекогаш дури и заборавате на себе.
Оние личности кои имаат мали дланки се многу склони на авантури. Уживаат во ризикот и се многу способни за решавање и на најтешките проблеми. Ако припаѓате на оваа група, драматичните моменти ве “подигаат”, па многу подобро се снаоѓате во критични ситуации. Добро е да ве има човек во друштвото.