Има спас за пролетната истоштеност

157

Сокот од портокал и ленено масло ќе ви помогне брзо да ја вратите енергијата, посебно ако страдате од пролетен умор. Едноставните шеќери кои нагло ги внесуваме во организмот со консумирањето на слатки се брзо решение за кревање на енергијата кое трае помеѓу 15 и 40 минути.

Портокалот е богат со витамин Ц, калциум и фолна киселина, а маслото е тука да го забави излегувањето на овошните шеќери од портокалот во крвотокот и на тој начин осигурува рамномерно создавање енергија во траење од неколку часови.

Тоа не е единствената предност на користењето на овој здрав производ. Исто така, ќе ви помогне во превенцијата од кардиоваскуларните болести и болестите на белите дробови, а неодамнешните медицински истражувања покажале дека редовното користење ленено масло го намалува зголемениот крвен притисок.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.