Има ли лекарска негрижа во случајот со починатата 41 годишна пациентка во Штип?

Има ли лекарска негрижа во случајот со починатата 41 годишна пациентка во Штип?  Комисијата од Клиничката болница и првиот  човек на установата треба да се произнесат  утре. Државниот санитарен и здравствен инспекторат потоа ќе изврши вонреден надзор, најави директорката. Она што до сега од ДСЗИ го утврдиле е дека за 56 пациенти хостпитализирани на Инфектовното одделение во Штип се грижат 2 тима , од по 3 доктори и 4 сестри, кои работат по 12 часа. Пациентите имале телефон за комуникација, тоа е посочениот број од ќерката на починатата пациентка, а зошто никој не одговарал на повиците да се достави кислородна боца ќе се знае утре.

Константирано е дека постои телефон кој стои во работанат соба и истиот служи за комуникација, вели Бухова.

За една недела Државниот здравствен инспекторат издал над 13.660 решенија за изолација на заболени лица или лица кои имале контакт со заболени од Ковид. Зошто граѓаните се жалат дека решенијата или не ги добиваат или им доцнат, Бухова вели – давале погрешни податоци.

Протоколите за работа на угостителите главно се почитуваат. За една недела затворени и казнети се само 2 објекти, кои работеле после 21 часот, односно седеле повеќе од 4 на една маса. Поднесени се и 30 прекршочни пријави, но по други основи.  Инспекторатот за транспорт изрекол 10 прекршочни пријави, додека инспекторатот за труд казнил 24 лица за неносење заштитна маска на работно место и издал 8 платни налози за одговорните лица.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.