Играта „Супер Марио” може да спречи деменција
Двомесечно редовно играње видео игри како што е, на пример, „Супер Марио” може да го подобри капацитетот на мозокот и да спречи деменција, тврдат научници од Универзитетот на Монтреал.
Истражувањето открива дека 3-Д игрите или пак, оние логичните, влијаат на зголемувањето на сивата материја во хипоталамусот, што е од витално значење за учење нови вештини. Тоа е полезно и за помладите и за повозрасните гејмери.
Студијата покажа дека младите кои играле „Супер Марио 64″ цели два месеца, потоа имале поразвиено просторно и епизодно памтење, во споредба со оние кои „практикувале” дводимензионални видео игри.