И една цигара дневно е штетно за срцето!
Оние кои пушат повремено т.н. “друштвени пушачи” со ваквата рекреативна навика дополнително го загрозуваат нивното здравје, велат експерти од британската организација за здравјето на срцето. Според нив, оние кои пушат една до 4 цигари дневно, имаат три пати поголем ризик од срцеви заболувања, за разлика од луѓето кои никогаш не пушеле, пренесува Daily Mail.
Покрај тоа, повремените пушачи имаат поголем ризик од рак на белите дробови, како и предвремена смрт поради различни причини. И покрај здравствените ризици, дури четвртина од “рекреативните пушачи” сметаат дека нема да ја влошат здравствената состојба бидејќи не се вистински пушачи.
– Луѓето треба да бидат свесни дека не постои безбеден број на испушени цигари. И покрај тоа што генерално е подобро да пушат помалку од повеќе, здравствените ризици се уште постојат, вели главниот автор на истражувањето.
Секој седми повремен пушач смета дека е зависен од цигари а пушењето го доживуваат како хоби со дружење и пиење.