Хуманитарен пикник на вработените во Алкалоид – Донирани над еден милион денари на Клиниката за детски болести

Над еден милион денари во Фондацијата „Трајче Мукаетов“ донираа вработените во „Алкалоид“ АД Скопје, членовите на нивните семејства и нивните пријатели, за што добија специјално дизајнирана маичка.

Средствата ќе бидат донирани на Клиниката за детски болести и тоа на одделите за епилепсија и за астма. Ова денеска го истакна генералниот директор на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов на традиционалниот хуманитарен пикник, кој седма година по ред го организира оваа фармацевтска компанија.

Нашите вработени и нивните пријатели, посочи тој, повторно покажаа дека се хумани.

– Сакам да го изразам моето задоволство дека секој човек, секој поединец кој е дел од големото семејство Алкалоид и понатаму покажува со своето однесување дека ние сакаме да помагаме, дека ние сме дел од овој систем на Република Македонија. Секаде каде можеме ќе се трудиме и понатаму да бидеме уште похумани и поодговорни како поединци и како компанија и да придонесуваме за еден подобар живот на сите околу нас, рече Мукаетов.

Директорката на Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ се заблагодари за донацијата која, како што рече, се доделува токму на 10-те години од Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

– Имаме долга традиција на соработка со Алкалоид. Се надевам дека и натаму ќе продолжиме со оваа соработка, затоа што за здравствените установи многу важна компонента на опстојувањето, работењето и на осовременување на можностите за работа се токму овие донации, додаде Ставриќ.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.