Храната послужена во пластични садови е штетна за бубрезите!

267

Храната која се послужува во пластични садови во рестораните за брза исхрана или за време на излетите во природа е штетна за бубрезите.
Од вакви садови може да се јаде нешто ладно, но не и топла храна. Експерти од Тајланд утврдиле дека високите температури го зголемуваат количеството меламин на кое е изложено човечкото тело, а тоа го зголемува ризикот од создавање камен во бубрег.

Тоа го потврди и шефот на истражувачкиот тим Чија Фанг Ву, истакнувајќи дека „пластичните садови ослободуваат големо количество меламин кога во нив се сервира топла храна“.

Во истражувањето учествувале две групи на луѓе. Едната група јадела супа од керамички, а втората од пластични садови, а претходно и секои два часа по јадењето бил земан примерок од урината на учесниците. Три недели подоцна испитувањето на постапката е повторено, но овојпат членовите на групите ги замениле садовите.

Нивото на меламин во урината по 12 часа изнесувал 8,35 микрограми кај лицата кои јаделе храна од пластични, а 1,3 микрограми кај лицата кои јаделе од керамички садови.

Во текот на претходните истражувања забележано е дека хроничното изложување на меламин доведува до зголемен ризик кај децата и возрасните да се формира камен во бубрег. Некои експерименти извршени врз животни покажале дека меламинот е толку токсичен што доведува не само до оштетување на бубрезите, туку може да предизвика и рак.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.