Хоспитализирани 576 пациенти со Ковид-19, има 183 слободни кревети

32

На инфективните одделенија и во ковид – центрите во државава се хоспитализирани вкупно 576 пациенти со Ковид-19 и има 183 слободни кревети. Во ковид – центрите во Скопје вкупно се хоспитализирани 174 пациенти од кои 71 на Клиниката за инфективни болести, 75 во ГОБ „8 Септември“ и 28 на Клиниката за белодробни заболувања ТБЦ, информираа за МИА од Минстерството за здравство.

Посочија дека според податоците кои клиниките и болниците секое утро им ги доставуваат, во моментот во Скопје слободни места има на Инфективната клиника, во ГОБ „8 Септември“ и на Институтот за ТБЦ.

Министерството за здравство, како што се нагласува, на дневна основа ја следи состојбата со болничките капацитети во однос на нивната исполонетост, со цел навремено планирање на наредните чекори за соодветно згрижување на сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.