Хоспитализирана трудница позитивна на Делта сој, уште шестмина од семејството имаат симптоми
Трудница и нејзиниот свекор кои допатувале од Шведска хоспитализирани во една од приватните болници во Скопје со Делта варијантата на корона вирусот, објави денеска „Слободен печат“.
Како што пишува медиумот, уште шест – седум членови од ова семејство имаат симптоми, заради што се направени тестови и се чекаат резултатите.
Истовремено, во таа приватна болница, пишува „Слободен печат“, се хоспитализирани и брачни сопружници, од кои едниот се вратил од Ирак и е позитивен на Делта сојот.
Медиумот дознава дека еден од повозрасните пациенти во болницата, вчера бил интубиран и неговата состојба е неизвесна од час во час.
Ниту еден од позитивните и суспектните пациенти не бил вакциниран.