Хепар центар Битола организира бесплатно и анонимно тестирање за хепатит Ц во Рамстор

По повод Светскиот ден за борба против хепатитот

Хепар Центар Битола, по повод Светскиот ден за борба против хепатитот, утре, на  27 јули, сабота од 9:30 до 12 часот, во ТЦ Рамстор мол организира бесплатно и анонимно тестирања за Хепатит Ц.

Настанот е поддржан и во партнерство со Министерството за здравство, како и Центарот за јавно здравје Битола, клиника за гастроентерохепатологија, Црвен крст на Македонија и др.

Целта на настанот е подигнување на свесноста за борба против Хепатитот Б и Ц, како јавноздравствен проблем на светско и на европско ниво. Годинешната кампањата продолжува во наредните денови во Битола, Охрид и Струга, како летни одморалишта, поради што кампањата се одвива и во овие градови.

Статистиките на глобално ниво покажуваат дека, 80 отсто од инфицираните со хроничен хепатит Б или Ц, доколку навремено не се третираат може да добијат карцином на црниот дроб или малигното заболувње, хепатоцелуларен карцином, што претставува директна опаснот по животот на пациентот.

Хепар Центар Битола е дел од глобалното движење NOhep под покровителство на Светската здравствена организација и светската алијанса за борба против хепатитот.  Хепар Центар Битола исто така како дел и основач на најголемото Европско движње кое како инцијатива ќе биде промовирано во Брисел по повод светскиот ден на Хепатитот EndHep Europe , движење кое се стреми да го елиминира хепатитот во Европа што поскоро.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.