Хаос во Катлановска бања – Работеле лекари од соседството без дозволи!

Лекари од соседството илегално и без лиценци работеле во Катлановска бања, објави Сител. Биле ангажирани во делот на медицинска рехабилитација но без дозвола од македонските здравствени власти. Ова се само дел од неправилностите, што ги открил Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Неофицијално, излегле на терен по пријава на револтиран родител кој на вежби во бањата го носел детето со церебрална парализа. Поради овие неправилности, според информации на Сител од терен, на Катлановска бања и се заканува времено затворање во здравствениот дел. По неколкудневна инспекција директорите на установата веќе добиле решение да не примаат пациенти за физикална терапија. Освен здравствениот инспекторат, работењето во Катлановска бања го чешла и финансиската полиција.

-Управата за финансиска полиција има сознанија за неправилности и се води предистражна постапка во Катлановска бања. Во интерес на истрагата не би можеле да соопштиме подетални информации, стои во официјалниот одговор од Управата.

И додека директорите не беа во можност да дадат изјава, затекнавме граѓани кои немаа добри зборови за Катлановска бања. Како што дознаваме, условите за рехабилитација се  дополнителен предмет на истрага на инспекторите.

-Катастрофа е. Бањите воошто не се реновирани. Како што биле на времето така и останало, велат граѓани.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат потврдија дека биле во надзор и повеќе информации ќе соопштат во текот на утрешниот ден. Официјален одговор побаравме и од Министерството за здравство, но не добивме никаква информација какви се неправилности има во Катлановска бања.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.