Грицкањето на ноктите е лоша и нездрава навика, еве како да престанете

Грицкањето на ноктите е лоша и нездрава навика, една од најчестите „нервозни“ навики на луѓето. Кај многумина гризењето започнало уште во детството, но проценето е дека околу половината тинејџери стануваат „зависни“ од гризењето на ноктите. Оваа непријатна навика обично исчезнува околу 30-тата година од животот, но се смета дека е присутна и кај околу 10% од возрасните. Медицинскиот термин за ова однесување е онихофагија.

Во најголем број од случаите грицкањето на ноктите е предизвикано од стрес, срам, фрустрираност, здодевност и сл. Луѓето посегнуваат по своите нокти додека гледаат телевизија, присуствуваат на здодевна лекција, учат, зборуваат на телефон, чекаат итн.

Ова навика влијае многу негативно на здравјето затоа што преку ноктите многу бактерии се пренесуваат во устата, се зголемува ризикот за појава на инфекции (и во устата и на прстите) и се уништуваат предните заби. Освен тоа, оваа навика го уништува изгледот на ноктите, а и остава негативен впечаток. Воопшто не изгледа привлечно кога ќе здогледате некој што си ги грицка ноктите.

Но, секој што се соочил со овој проблем знае дека не е едноставно да се елиминира. Сепак, постојат одредени методи и совети кои ќе им помогнат на страсните „гризачи“ да се одвикнат од грицкањето на ноктите.

Направете ги ноктите горчливи, има многу лакови достапни на пазарот кои се неподносливо горчиливи, или намачкајте ги со луто пиперче. Потоа може да пробате со мастика. Џвакајте постојано мастика за да не ги ставате рацете во уста.

Но најуспешен метод за одвикнување од оваа лоша навика е да отидете во салон и да си направите маникир со гел лак на вашите нокти или надградба на ноктите. Нашите пријатели од Spectra Nail Bar (телефон за закажување 078 873 703) ќе ви помогнат грицкањето нокти да ви остане само како сеќавање за една лоша навика.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.