Грипот зеде уште 5 животи во земјата- Двајца од починатите имале претходни хронични заболувања

Нови 5 смртни случаи на грип. Институтот за јавно здравје во последниот извештај објави дека од починатите минатата недела, две лица биле со претходни хронични заболувања.  Смртните случаи се регистрирани кај лица од Скопје, Делчево, Крива Паланка, Охрид и Тетово. Возраста на починатите се движи од 39-75 години.

Кај три  од починатите е изолиран А(H1pdm) вирусот на грип. Од почетокот на сезоната, од грип починале  28 лица. Најголем број од починатите се жители на Скопје (13), 4 лица се од Охрид, по 2 од Кичево, Кавадарци, Делчево и Тетово, и по еден смртен случај е пријавен во Ресен, Крива Паланка и Валандово. Кај 20 лица (71,4%) е утврдено постоење на коморбидитет.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.