Гостиварската полиција трага по девојче кое паднало во Вардар

Гостиварската полиција и Дирекцијата за спасување веќе три часа трагаат по девојче кое  паднало во водите на реката Вардар во близината на болницата во Гостивар, откако ја нападнала глутница кучиња.

Полицијата постапила по дојава на граѓани кои пријавиле дека околу 19:15 часот девојчето паднало во реката, пишува Гостивар прес.

Од полицијата за Алфа потврдуваат дека потрагата по девојчето се уште трае. Во акцијата се вклучени и граѓани, а и ХЕЦ Маврово го намалил нивото на вода во реката.

Коментари

коментари