Гостиварчани се затруле од водата за пиење?!

Изминатите три дена повеќе од 300 лица од Гостивар и околните села побарале помош во гостиварската болница и се жалеле на болки во стомакот. Од Државниот санитрарен и здравствен инспекторат сметаат дека не станува збор за труење со храна, а не ја исклучуваат можноста за труење од водата за пиење.

Надлежните велат дека ги обработуваат епидемиолошките податоци и во текот на денешниот ден ќе излезат со соопштение.

Затруените лица се жалеле на стомачни болки, пролив, повраќање и малаксаност. Според лекарите, првичните анализи укажуваат на труење од бактерија.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат информираат дека е исклучена можноста за труење со храна, бидејќи не нашле никаква поврзаност меѓу пациентите дека се хранеле од едно место. Се прават анализи и на водата од градскиот водовод.

Од гостиварската болница велат дека повеќето пациенти, по добиената терапија, се на домашно лекување и дека нема некои посериозни компликации.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.