Горештините можат да предизвикаат предвремено породување!

Истражување спроведено на Универзитетот во Монтреал, покажа дека во текот на жешките летни месеци од бременоста се зголемува ризикот од предвремено раѓање за 27 проценти.

Истражувачите анализирале повеќе од 219.000 раѓања во период од 29 години, каде што ги земале предвид максималните температури во неделата пред раѓањето, како и бројот на последователни дена во кои температурата е над 31 степен. Откриле дека при такви температури ризикот од предвремено раѓање во 37 или 38 недела од бременоста, се зголемил за 27 проценти.

Истражувачите објаснуваат дека топлината влијание на појавата на породилни болки и дека најверојатно станува збор за терморегулација, односно способност на телото за контрола на топлината. Не ја исклучуваат и можноста од дехидратација на организмот при што се намалува протокот на крв во матката а тоа пак го зголемуваё лачењето на хормонот на патофиза кој на крај доведува до предвремено породување.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.