Годишно по 200 пациенти поради труење со киселини завршуваат на Токсикологија!

363

Од 12 пациенти на одделот за интензивна нега на Токсикологија дури 11 се поради труење со солна киселина или други средства за чистење кои содржат тешки хемикалии. Најмладиот е на 20 годишна возраст, а највозрасната на 65 години. Дел од нив со месеци лежат на Клиниката зошто лекувањето е долго и неизвесно, а последиците се сериозни. Годишно на Токсикологија завршуваат по 200 вакви пациенти. Според лекарите повеќето се одлучиле да посегнат по животот со корозивни средства поради социоекономски проблеми или сериозни заболувања.
-Корозивните средства предизвикуваат оштетување на повеќе органи и го стеснуваат хранопроводникот и доколку преживее пациентот потоа задолжително мтреба да се оперира, а вакви операции не се прават во Македонија, изјави д-р Нико Беќаровски, директор на Клиниката за токсикологија.
И додека едни пациенти се на Тоскикологија поради обид за самоубиство со пиење на киселини, други случајно завршуваат на Клиниката зошто мешале средства за чистење.
-Не треба да се мешаат варакина и солна киселина затоа што како прво нема никаков ефект, а како второ доаѓа до испарување од кое страдаат белите дробови додаде д-р Беќаровски.
За да се намали бројот на труења со средства за чистење доктор Беќаровски апелира по примерот на европските држави на амбалажите да има двојни отвори бидејќи можат да придонесат лицата да ја сменат одлуката за самоубиство, а децата потешко ќе ги отвараат.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.