Годишна прогноза – Дознајте кој месец кои болести ве демнат

Јануари е месeц во кој намногу расте бројот на пациенти со зголемено ниво на холестерол, проблеми со непцето, но и поголем број на смртни случаи. Нивото на лошиот холестерол и триглицеридите достигнуваат максимум кон крајот на декември и во јануари, а најниско е во летните месеци. Јануари е месец на најмногу смртни случаи, во однос на август, а таа разлика се објаснува со намалената отпорност на организмот до кој доаѓа, бидејќи во зимските месеци опаѓа бројот на Т-клетките, кои се одговорни за борбата против инфекции.

Февруари бележи најголем број на пациенти со одвојување на ретината (мрежата на окото) од крвните садови кои ја хранат. Оваа состојба е многу сериозна, бидејќи може да доведе до потполен губиток на видот и мора итно да се лекува. Но, еве и една добра вест. Најкраткиот месец во годината може да биде најдобар за мажите, бидејќи бројот на сперматозоиди е најголем во февруари и март, а најнизок во септември. Затоа, ако сакате да зачнете бебе, февруари е најповолен месец за потомство.

Во март најчесто се јавуваат херпеси на устата, а причина за тоа е опаѓањето на имунитетот. Но, март е еден од најбезбедните месеци во годината за операции. Пациентите оперирани во пролет имаат најголеми шанси да ја преживаеат интервенцијата и побрзо заздравуваат.

Во април почесто се јавува специфичен тип на главоболки кои доаѓаат во циклуси. Ненадејно се појавуваат силни болки во едната страна на главата, често проследени со течење на носот и интензивирани солзи на соодветната страна на лицето.

Во мај се влошуваат случаите на воспалителни болести на цревата, а често се враќа и мултипла склерозата. Симптомите на синдромот на иритабилни црева како што се проливот и запекот, исто така, се почести во пролет и лето, а шансите чирот да „проработи“ се поголеми за 30 отсто.

Во јуни, крвниот притисок е на најниско ниво во текот на целата годината. Вредностите на крвниот притисок се највисоки во зима, а најниски во лето. Едно од можните објаснувања е дека витаминот Д кој во лето го има во изобилство ги активира хормоните кои што го регулираат крвниот притисок.

Во јули, пак, расте бројот на случаи на воспаленија на слепото црево. Истражувањата покажале дека во овој месец се најчести операциите на слепо црево.

Август е најризичен за мажите, односно за простатата. Нивоата на специфичниот ПСА антиген поврзан со заболувања на простатата се најголеми токму во овој месец, што е најверојано поврзано со витаминот Д. Исто така, пациентите кај кои туморот е дијагностициран во лето или во рана есен имаат најголеми шанси за заздравување, покажала британската студија. Сончевата светлина е од пресудна важност за прозводството на витамин Д, а тоа би можело да биде исклучително важно за забавување и стопирање на растењето на туморот.

Во септември се влошуваат симптомите на астма. Детските болници бележат најголем број случаи на астма во текот на четирите недели од септември, а оваа појава се поврзува со почетокот на училишната година и поголемата изложеност на алергени, како што е прашината.

Во октмоври чувајте се од чир, бидејќи во овој месец се влошуваат симптомите на лицата кои страдаат од него, како и од атртритис и акни. Најмногу пациенти завршуваат во болница поради чир на желудникот во октомври, а во текот на овој месец се поставуваат и најмногу дијагнози на ревматоиден артритис. Кај пациентите кај кои дијагнозата е поставена порано, доаѓа до влошување на симптомите најверојатно поради промените во функционирањето на имунолошкиот систем.

Ноември е опасен месец за лицата кои страдаат од белодробни заболувања и псоријза, бидејќи се интензивираат симптомите, а кај жените кои се породиле во претходните три месеци, постпородилната депресија се јавува двапати почесто.

Декември е месец на кашлањето, односно најголеми се шансите да закачите некој вид кашлица, а во овој месец расте и бројот на предвремени породувања.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.