ГОБ 8-ми септември бара над 200 нови вработувања!

276

На Градската општа болница 8-ми септември и фали нов медицински кадар за нормално функционирање. За да не дојде до повторно затворање на операциони сали и оддели, од менаџерскиот тим на установата ни потврдија дека до Министерството за здравство доставиле барање за 200 нови вработувања. Велат дека имаат потреба од  околу 180 медицински сестри и техничари како и помошен персонал. Бараат и вработување на околу 15 специјалисти меѓу кои се трауматолози, неврохирурзи и ендокринолози. Дел од нив според информации на Сител ќе бидат ангажирани и за отворање на Центар за гангрена кој го нема во државата и е сериозен проблем за здравствениот систем. Како што дознаваме тој ќе биде сместен во поранешните простории за дијализа во Градската општа болница.

ГОБ 8-ми септември не е единствената установа која се соочува со недостаток на кадар. Итно вработување на лекарски тимови за Брза помош бара и менаџментот на Здравствен дом Скопје а потреба од медицински сестри имаат и клиничките болници во Штип, Битола и Тетово.

Ако изминатите месеци вработувањата беа стопирани поради локалните избори, сега, здравствените установи чекаат нов министер за здравство.

-Колку вработувања за болниците и клиниките ќе бидат одобрени не успеавме да дознаеме бидејќи со недели здравствениот систем е без министер. Нема ниту кабинет со советници бидејќи си отидоа со заминувањето на Арбен Таравари.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.