Го намалува стресот а е многу погодна и за диети!

Краставицата е меѓу најраспространетиот зеленчук во македонската кујна и не само кај нас. Таа е една од најпознатите консумирани зеленчуци на глобално ниво.

Нејзините корисни својства се докажани. Исклучително погодна е за диети, зашто е многу сиромашна со калории и истовремено со тоа е моќен хидратант поради високото присуство на вода.

Кои се останатите здравствени придобивки од краставицата?

Моќна е против ракот

Краставицата содржи материи наречени лигнани кои имаат докажано дејство врз клетките на ракот. Тие го потиснуваат нивниот раст и го намалуваат ризикот од појава на рак на дојка, јајници, матка и простатата.

Намалува испакнатини

Неслучајно краставиците се користат во разубавувачките процедури за лице и тело. Тие се составен дел и од голем број на козметички производи. Краставицата има силен навлажнувачки ефект врз кожата. Покрај тоа ги отстранува токсините и насобраните вишоци течности и отстранува испакнатини и надуеност.

Се балансира киселоста во телото

Алкално-киселинска рамнотежа во телото е многу важна за добрата состојба на организмот . Краставицата ја подобрува обработката на електролитите во телото и на тој начин нормализира и рамнотежата на водни-соли. Покрај тоа ја смирува слузокожата на органите во гастроинтестиналниот тракт и ја стимулира нивната работа.

Се намалува стресот

Може да звучи чудно, но краставицата помага во намалување на стресот. Таа содржи витамини од групата Б, кои се познати со смирувачко дејство.

Ги прави ноктите здрави

Краставиците се многу корисни за нокти , бидејќи спречуваат раслојување, лупење и фрагилноста. Консумирајте повеќе краставици, за да ги направите ноктите поздрави. Можете да ги применувате и директно на ноктите во форма на маска.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.