Го јадете кога сте на диета, а тој всушност предизвикува дебелеење!

Иако зеленчукот е еден од најздравите намирници и посебно се препорачува за време на диета, постои еден вид на зеленчук кој треба да го избегнувате. Посебно ако целта ви е да ослабете.

Научници од Универзитетот Харвард докажале дека некои видови зеленчук всушност не придонесуваат за губење на тежината, туку предизвикуваат дебелеење.

Во истражувањето кое траело 20 години, а учествувале 130.000 луѓе, научниците ги следеле навиките во исхраната и намирниците кои ги конзумираат.

Врз основа на добиените податоци, експертите заклучиле кој зеленчук придонесува за зголемување на тежината. Со сигурност потврдиле дека зеленчук кој ја зголемува тежината е пченката, компирот и грашакот.

Пченката се покажала како најголем предизвикувач за зголемување на тежината. Причината за тоа е високиот глихемиски индекс, интензивно зголемување на шеќерот во крвта после конзумирањето кое влијае на зголемување на гладот.

Интересно е тоа што луѓето кои јаделе зеленчук богат со влакна, како гравот, изгубиле тежина после некое време.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.