Ги пиеме за здравје а тие лошо влијаат на плодноста!?

465

Резултатите од едно ново истражување покажале дека големите количини на антиоксиданси , како што се витамините А, Ц и Е, може да влијаат лошо на овулацијата и плодноста кај жените.

Антиоксидансите ги неутрализираат слободните радикали кои поттикнуваат воспалување и оштетување на клетките. Меѓутоа истражувањето врз лабараториските животни, покажале како овие, штетни слободни радикали се исклучително важни за овулација. Кај животните во чији јајници биле вбризгувани два антиоксиданса, забележана е помала веројатност на оволуација него кај животните кои не примиле антиоксиданси.

“Антиоксидансите се користат во големи количини поради извор на младост и здравје, Меѓутоа нивната употреба не е во потполност безопасна. Ова првенствено се однесува на младите жени кои сакаат да имаат семејство“, изјавила Нава Декел, професорка по биологија од израелскиот институт за наука.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.