Ги избркале од работа зашто биле дебели и не ослабнале!
Десетици полицајци во Таџикистан биле избркани од работа откако не успеале да ослабат во рамки на фитнес програма за полицијата. Други полицајци успеале да ослабат речиси 20 килограми по програмата што почнала оваа година и со која тренирале три до петпати месечно, соопшти Министертвото за внатрешни работи на оваа централноазиска држава.
Освен тоа, во рамки на програмата полицајците требало да посетуваат најмалку еднаш месечно и театарски претстави.