Франција го стега обрачот – 11 задолжителни вакцини за децата

Единаесет вакцини за мали деца ќе бидат задолжителни во Франција од 2018 година. Мало зло, за долгорочно добро, велат докторите.

Новиот премиер на Франција Едуард Филипе, во вторникот му најави на парламентот дека од 2018 година вакцинацијата за младите деца која до сега беше препорачана, ќе биде задолжителна.

Во јуни, новиот министер за здравство Агнес Бузин, најави дека сака 11 вакцини да ги направи задолжителни.
Трите вакцини, дифтерија, тетанус и полио веќе се задолжителни, а од 2018 година задолжителни ќе станат и вакцините за голема кашлица, сипаници, заушки, рубеола, хепатит Б, пневмониа, инфлуенца и менингитис.
За сега овие вакцини беа само препорачани од државата, а одлуката дали детето ќе биде вакцинирано или не ја носеа родителите, кои често не сакаат да ги вакцинираат децата понесени од теориите за штетното дејство на вакцините.

Според министерот за здравство „болести кои мислевме дека се изумрени повторно се развиваат, а деца ни умираат од сипаници во Франција и во земјата на Пастер, тоа е неприфатливо“.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.