Филипче: Заштитата на здравјето на граѓаните во текот на изборниот процес беше на највисоко ниво

„Заштитата на здравјето на граѓаните во текот на изборниот процес беше на највисоко ниво. Голема благодарност за свесноста и почитувањето на мерките од страна на сите гласачи – покажавме дека можеме да функционираме со почитување на протоколи и мерките за заштита“, напиша министерот за здавство на својот профил на Фејсбук.

Тој изрази благодарност и до сите медицински работници, членови на избирачките одбори, комисијата за заразни болести и сите вклучени во организацијата на парламентарните избори во текот на трите дена на гласање за доследно спроведување на протоколите.

„Тоа е начинот на којшто ќе продолжиме да живееме безбедно – со носење маска, дезинфекција, почитување дистанца и почитување на протоколите“, порача Филипче.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.