Филипче: Пристигнаа 20.000 дози вакцини „АстраЗенека“, донација од Грција

10

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека на скопскиот аеродром денеска пристигна донацијата од Грција, вакцини од Астра Зенека.

„Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини Астра Зенека. Оваа поддршка од грчката Влада и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето не поздрави и премиерот Зоран Заев кој во тој момент се врати од Брисел. Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид пандемијата покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против вирусот Ковид 19“’ напиша Филипче.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.