Филипче: Повикувам да се вакцинираат родителите чии деца ќе тргнат на училиште

33

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-коференција, истакна дека охрабрува тоа што бројките на ново дијагностицирани опаѓа, но сепак дека е уште многу рано да прогласиме победа на четвртиот бран, поради што апелираше на масовна вакцинација.

-Досега се вакцинирани речиси 700.000 граѓани. Значајно расте интересот за вакцинација на помладите, од 18 до 40 години.

Охрабруваат новите бројки кои опаѓаат, но се уште многу е рано. Дозволете да повикам на масовна вакцинација, особено на родителите чии деца ќе тргнат на училиште и во градинка, за да се заштитат семејствата, истакна министерот Филипче.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.