Филипче: Побаравме од Србија Македонците да се вакцинираат блиску до границата

36

За поголемиот број на граѓани кои треба да се ревакцинираат од 17 до 20 јуни во Србија, Филипче рече дека разговарал со неговиот српски колега Лончар, за нив да се организира вакцинален пункт, кој би бил поблиску до границата, во Врање или во Ниш.

– Има расположение од српската страна тоа да се организира и тоа е во насока на нашите добрососедски односи, вели Филипче.

Тој информира дека на веб-страницата за ревакцинација во други држави се пријавиле околу 1000 наши граѓани.

Министерот за здравство потенцира дека не постои граѓанин во државата на кој не му е обезбедена и втората вакцина.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.