Филипче по неколкупати дневно во посета на повредените патници од трагичната несреќа!
Секој ден сум со повредените пациенти и будно ја следам нивната здравствена состојба. Разговарав со повеќето од повредените, а имав можност да се видам и со нивните фамилии, кои ја имаат мојата целосна поддршка. Денеска, 6 пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување. Се надевам дека од ден во ден, пациентите ќе се чувствуваат подобро и во најбрзо време ќе бидат со своите семејства. Лекарскиот тим со натчовечки напори прави сѐ за да им помогне на сите да закрепнат од страшната сообраќајна несреќа. Не се сами и тука сум за нив, напиша Филипче на Фејсбук.