Филипче не гледа проблем што деца со леукемија биле префрлени на други оддели затоа што хематолошкиот го затвориле!
Министерот за здравство не гледа проблем што деца со тешки малигни заболувања хоспитализирани на Детската клиника биле префрлени на други оддели затоа што поради недостиг на медицински сестри раководтсвото на установата одлучило да го затвори хематолошкото одделение.
– Тоа е во рамките на истата зграда, подобро е да се стават сите деца на исто место каде има доволен број на луѓе да им пружат нега отколку замислете да бидат во одделение каде неможе да им се спроведе негата која што е потребна за така тешки дијагнози, изјави Венко Филипче, министер за здравство.
Од министерството за здравство дале барање до фондот за вработување на 20 медицински сестри на Детската клиника, но од установата велат дека за нормално функционирање потребни им се најмалку 100.
– Ќе бидат примени во најскоро време 20 сестри како за затвореното одделение така и за интензивната нега каде недостасуваат сестри целиот овој изминат период. Одделението се затвори за да недозволиме никаква импровизација додека нема доволен број на луѓе, додаде Филипче.
Во понеделникот менаџментот на Детска одлучил да го затвори хематолошкото одделение бидејќи останале само 4 медицински сестри, другите биле отсутни и на боледување и немало кој да работи ноќна смена. По реакција на родителите на тешко болните деца утредента одделот повторно го отвориле, но ангажирале 2 сестри од други одделенија.