Филипче крои стратегија за намалување на смртноста кај новороденчињата

Министерот за здравство Венко Филипче ветува дека ќе се најде решение за да се намали смртноста на новороденчињата во државава. За таа цели вели дека се работело на нова стратегија.

-Вклучени се и странски организации под капата на Обединетите нации кои ја нудат својата експертиза. Веќе е формирана рамката на тој тренинг со која ќе се зголеми знаењето на лекарите да се справат со овој проблем,  изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Минатата година беше алармантна по бројот на починати бебиња. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017-тта починале 274 новородениња, што е за 13 повеќе во однос на годината претходно.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.