Филипче ќе ја проширува мрежата на здравствени установи – Ќе влезат ординации за ортодонција и протетика!

Првпат од воспоставување на мрежата, таа се проширува со склучување на нови договори со заинтересирани ординации, во рамки на буџетот со кои располагаме во моментов.

Тендерската документација е при крај и слободните места ќе ги објавиме до крајот на следната недела, стои во соопштението од МЗ.

Мрежата за ортодонција ќе се прошири со по едно слободно место во сите 8 региони и со единственото слободно место по протетика.

По овој бран на проширување на мрежата ќе се работи на нов модел на проширување, кое ќе следи по ребалансот на буџетот, а во договор со ФЗОМ.

Ова остварување на ветување следи по состанокот со специјалистите стоматолози во изминативе неколку недели, велат од Министерството..

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.