Филипче ја вакцинираше внуката за да докаже дека вакцините се безбедни

На официјалната Фејсбук страна на министерот за здравство Венко Филипче утрово беше објавена фотографија од него и неговата внука Илина како ја прима вакцина во еден од вакциналните пунктови.

„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово во амбулантата ’Млин Балкан‘ ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нè заштитуваат од разни болести“, беше објавено на Фејсбук профилот на министерот Филипче.

Коментари

коментари