Филипче: Измената во Законот за лекови доаѓа по барањето на „Фајзер“ кое е на глобално ниво

Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата „Фајзер“ кое го донесоа на глобално ниво, а тоа е за конкретниот продукт, односно вакцината против Ковид-19. Немаат обврска да прават никакви договори со локални компании, туку самите да аплицираат во надлежните институции во секоја од државите, како претставништво од надвор, од странство, за да направат регистрација на продуктот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тоа, додава Филипче, воопшто не е пречка вакцината да дојде во земјата, и тоа било разговарано и со претставниците на „Фајзер“ заради тоа што, како што рече, во нашиот Закон има механизми кои се користеле и претходно и за вакцини и за други препарати да се внесат со т.н. интервентен увоз.

– Не може да има регистрација во ниту една од земјите затоа што продуктите се нови, не е тоа возможно да се очекува, ниту пак има потреба бидејќи документите што се даваат за интервентен увоз се сосем доволни заради тоа што ние со тоа се обезбедуваме дека целата постапка на правење на вакцината, контролите во матичните земји каде се направени, контролите од меѓународните лаборатории, сертификатите за квалитет се тоа со што се осигурува квалитетот, рече Филипче.

Министерот вели дека сите вакцини ги евалуираат. Тоа на што ставаат приоритет е да се осигураат во нивниот квалитет.

– Сигурни сме дека се развиени на безбедни платформи, но некои веќе аплицирале во меѓународните регулаторни тела, а некои имаат само докази и документи од нивните регулаторни тела од матичните земји и тие нашите експерти ги разгледуваат, после потврдата и уверувањето дека се тоа сосем безбедни сертификти на кои може да им се верува. Ние даваме предност на мрежата на европските лаборатории, рече Филипче.

Тој смета дека тука сосем добро може да го спроведат процесот на имунизација и посочи дека ќе останат тука да ги вакцинираат сите наши граѓани по приротиет така како што се дефинирани групите.

– Вчера имавме разговор со претставништвото на „Фајзер“ во Белград и таму се работи на двата договора – нашиот драфт договор за нашите 800 илјади дози и дозволата српските власти да ги дадат фајловите за ние да ги увеземе тие вакцини од нивната земја. Веднаш кога ќе ги добијат фајловите и дозволата ние сме спремни да ги примиме, рече Филипче.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.