Филипче има решение за загадувањето!

Разгледуваме алтернатива и собираме податоци за тоа која ризична група граѓани може дополнително да се заштити од аерозагадувањето со специјални маски и кога ќе ја имаме таа бројка ќе видиме на кој начин ќе може да ги набавиме и да им ги поделиме, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали има дополнителни мерки за превенција на здравјето на граѓаните.

Тој изрази надеж дека за кратко време ќе заврши анализата, која произлегува од податоците од системот „МојТермин“, врз основа на податоците од матичните лекари.

Коментари

коментари