Филипче: Децата се трансмитери но родителите се заштитени ако се вакцинирани

79

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека децата се трансмитери на вирусот, но возрасните се заштитени доколку се вакцинирани.

– Сакаме да донесеме одлука врз основа на аргументи и тоа е суштината. Сакаме да видиме и да се потврди за каква специфична епидемиолошка ситуација по региони станува збор заради тоа што сега вакцинацијата ја менува ситуацијата. Знаеме дека децата се трансмитери но родителите се заштитени ако се вакцинирани и оттука ќе ги донесеме заклучоците за евентуални нови препораки, изјави Филипче.

Министерот за здравство додава дека над 90 проценти од починатите биле невакцинирани.

– Тешко е да се каже дали ќе има пад на новодигајностицирани случаи или бројката ќе расте допрва. Затоа се прави анализа со нашиот стручен тим. Што се однесува до вакцинацијата, таа добро се спроведува. Има намалување на интересот за вакцинација во изминатиот период. Корона вирусот се шири помеѓу невакцинираните. Над 90 отсто од сите починати се невакцинирани, вели Филипче.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.