Филипче: Ако се соочиме со нов бран, ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче по увидот на реновираното крило на ТОАРИЛУЦ, уште еднаш порача до граѓаните да се вакцинираат, за да не се стават во незгодна ситуација во моментот кога ќе дојдат во контакт со вирусот.

„Треба граѓаните да се свесни, дека ако не се вакцинираат, може да завршат во болница и да бидат со тешки компликации. Ако се соочиме со нов бран, ќе има рестрикции од септември. Не можеме да страдаме, ако некој не се вакцинира. Висок процент од заразените се невакцинирани, а се уште сме далеку од колективен имунитет од 80 проценти“, истакна Филипче.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.