Фармерките се опасност за машкото здравје!

172

Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско, направил обемно и сериозно истражување со кое сакал да докаже дека ризикот за повреда на гениталиите поради користење на фармерки со патент е навистина голем иако тоа никој не сфаќа сериозно. Резултетите од спроведеното истражување покажало дека се забележани повеќе од 2 000 случаеви годишно и тоа на посериозни повреди на гениталиите кај мажите предизвикани од патент на фармерките, само во САД.
Се смета дека бројот на такви повреди е многу поголем бидејќи истражувањата го опфатиле регистерот на брза помош, односно пациенти кои се јавиле на брза помош поради сериозни повреди предизвикани од патентите. Уште голем број случаеви се јавиле покасно кај своите лекари, а некои од нив воопшто не се јавиле поради не сериозноста на повредите, па научниците претпоставуваат дека бројот на ваков тип на повреди во САД на годишно ниво е двојно поголем од оној кој бил добиен во истражувањето.

Повредите од ваков тип се неверојатно болни и непријатни, но во 90% од случаевите кои навремено се третираат не доаѓа до сериозни оштетувања. Сепак постои и ризик од посериозни оштетувања како и инфекции кои се јавуваат најчесто кај луѓето кои не се јавиле на лекар, и соодветно не била третирана раната. Особено може да биде сериозно кога малите деца ќе се здобиат со ваков тип на повреда, а тоа се случува многу често – додаваат истражувачите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.