Фалсификувани лекови причина за смрт на повеќе од 100 000 деца во светот

559

Светската здравствена организација објави дека околу 11 проценти од лековите во земјите во развој биле фалсификувани и дека веројатно биле причина за смртта на десетици илјади деца од болести како маларија и пневмонија.

Ова е прв обид на СЗО да го разгледа овој проблем, објавува АП.

Научниците испитувале 100 студии на повеќе од 48.000 лекови. Речиси 65 отсто од фалсификуваните лекови биле за третман на маларија и бактериски инфекции.

Научниците кои биле ангажирани од СЗО од Универзитетот во Единбург проценуваат дека помеѓу 72.000 и 169.000 деца поради лажни лекови починале од пневмонија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.