Факти за долната облека

Несоодветна големина создава воспаленија, не се перат сите бактерии

Иако мислите дека нема ништо сложено во бирањето долна облека, сепак многумина прават грешки при изборот.

Погрешни материјали, несоодветна големина, неправилно перење и уште неколку грешки заради кои може да имате последици.

Според истражувањата, важно е да знаете неколку факти за долната облека, со цел да ја одберете правилно, да ја чувате соодветно и да ја носите без да предизвика последици.

Во корист на здравјето и убавината – неколку факти за долната облека:

 

Понекогаш не треба воопшто да носите долна облека

Многу доктори препорачуваат дека треба да спиете голи или само во широки пижами без долна облека.

Причината е едноставна – навечер се потите, долната облека се навлажнува и се создаваат услови за размножување на бактерии.

 

Несоодветна големина создава воспаленија

Долната облека не треба да остава траги на вашата кожа, доколку остава и најмали траги, значи дека е тесна.

Освен што физички ве повредува и ви остава траги на кожата, тесната долна облека може да го зголеми ризикот за фаќање уринарна инфекција.

 

Нормалното перење не ги уништува сите бактерии

Внимавајте на детергентите со кои ја перете долната облека, бидејќи некои состојки може да бидат штетни и да ја иритираат кожата на интимните делови. Хемикалиите со мирис може да создадат воспаленија и алергии.

Исто така, перете ја долната облека на температура над 40˚С и сушете ја на сонце, тоа помага во уништување на бактериите.

 

Носете специјална долна облека за вежбање

Кога вежбате, препорачливо е да носите посебна спортска долна облека, бидејќи тие се направени од посебен материјал кој ја впива и отстранува влагата и топлината од телото, а со тоа штити од воспаленија и бактерии.

 

Редовно фрлајте ја старата долна облека

Топлата вода и детергентот за перење не се доволни за отстранување на сите бактерии, па затоа не може вечно да носите иста долна облека и да мислите дека со перењето не ѝ се крати животниот век.

Редовно купувајте си нова долна облека и старата фрлајте ја.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.