Еве зошто треба да конзумираме печурки!

Овој период во сите региони на Македонија има печурки во изобилие. Мало потсетување за хранливоста на печурките.

Научници од Универзитетот на Пенсилванија во САД, сметаат дека печурките од видот вргањ (Boletus edulis) може да го намалат стареењето на човековиот организам, поради изобилството антиоксиданти кои овие плодови ги содржат.

Благодарение на ерготионинот и глутатионот, како и на витаминот Д, оваа намирница може значително да го забави влијанието на стареењето врз човекот, негувајќи ја кожата и зајакнувајќи го како имуниот систем, така и процесот на регенерација на телото.

Овие аминокиселини ги содржат и зеленчуковите и овошните плодови, но во печурките нивното присуство е до 10 пати поголемо.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.