Еве што да јадете како замена за месо!
Протеини за долготрајно памтење
Протеините од месото се неопходни за нормално и здраво функционирање на организмот и затоа ако се одлучите за рестриктивен принцип на вегетаријанската исхрана меѓу своите секојдневни прехрамбени продукти застапете ги и овие.
1. Тофу сирење има 7г. протеини на секои 100 г. што го прави еден од најпопуларните замени за месо кога станува збор за продукти богати со протеини. Се прави од соја и е исклучително здрав. Лесно се подготвува. Извадете го од пластичното пакување, исцедете ја одвишнат течност и подготвен е за пржење, варење или печење.
2. Леќата е многу вкусна и се прави полесно од другите мешунки, бидејќи не мора да се накиснува преку ноќ. 100 г. леќа содржи 9 г. протеини. Може да се најде веќе готов во конзерва кога треба само да се исцеди одвишната течност во кој се наоѓа, а можете и да ја варите со зеленчук како што правите за грав или грашок. Потребно е само 30. минути да се свари.
3. Киноа е уште еден продукт со кој можете да го замените месото. 100 г. варена киноа содржи 4 г. протеини. Има одличен вкус а може да биде замена за тестенина и ориз, значи како прилог на јадење, но е одлична и во салати и чорби. Се подготвув слично како оризот,со варење во вода. Потоа можете да и додадете и варен зеленчук и да добиете совршен и здрав оброк.
4. Гравот како и леќата содржи високо ниво на протеини, има 10 г. на 10г. плод. Вкусен е во сите варијанти.Можете да го подготвите како чорба, на густо или салата. Оној од конзерва треба да се исцеди од течноста и загрее пред конзумирање, досек свежиот се вари, но пред тоа мора преку ноќ да се накисне во вода и еднаш да зоврие пред да почнете со подготовката.
5. Јајцата се одлични за почеток на денот како појадок.Секое јајце содржи околу 6 г. протеини, па ги прави одлична замена за месо. Иако доаѓа од живина не се сметаат за забранети во исхраната на вегетаријанците. Има многу начини за подготовка на јајцата, но секако дека најздрави се варени или поширани. Белки можете да јадете во неограничени количества, бидејќи се богати со протеини, додека внесувњето на жолчки треба да ги ограничите на 2-3 неделно.
6. Урдата освен што е богата со протеини – 13 г. на 100 г. е и нискокалорична така да е идеална за вас ако внимавате на линијата. Одлична е како додаток на свежите салати, можете да ја јадете и со препечен леб, пржена со јајца…
7. Семките од тиква може да биде грицкалка која ќе ви ги овозможи потребните протеини. 30 г. семки од тиква содржи 7 г. протеини. Лесно се подготвуваат – едноставно препржете ги на тефлонско тавче без масло со малку сол и црн пипер. Сепак, не претерувајте со нивната конзумација бидејќи се многу калорични.
Еве што навистина се случува со вашето тело кога нема да јадете месо една година
Постот е време кога се исклучува конзумирање месо. Овој период може да биде само почеток за овој експеримент.
Велигденскиот пост е време кога луѓето се откажуваат помеѓу останатите работи и од месото. Навиките добиени во текот на посните денови не би било лошо да се пренесат и на цела година. Еве што би се случило со вашето тело ако не би јаделе месо цела година.
Доколку од вашата исхрана го исфрлите месото вашето тело ќе ви биде благодарно.
Еве и зошто:
Ќе загубите килограми: просечно лице може да загуби до пет килограми доколку се откаже од месото. Ова го тврдат научниците од факултетот за медицина на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ во Вашингтон, кои проучиле 15 научни студии ширум Европа и Америка и заклучиле дека исхраната која се заснива на зеленчук може да ви помогне да згубите килограми без броење калории и напорно вежбање.