Еве колку често треба да ја перете постелнината

Не постои подобро чувство од легнување на чиста постелнина… но повеќе луѓе ќе признаат дека тоа не го прават доволно често…

Експертите открија дека спиењето на стара постелнина може да има сериозни последици по вашата здравствена состојба, бидејќи не станува збор само за непријатните мириси.

„Во текот на спиењето ние се потиме, а природните масла и уште неколку валкани работи се ослободуваат со тоа. Можно е на постелнината да се најде плунка, урина, генитални течности, па дури и фекални материи“, велат експертите.

Тие наведуваат дека и кај лицата кои имаат рана или гребаница може да дојде до инфекција поради валканата постелнина. Различните габички исто така можат да се пренесат преку ткаенината.

Избегнувањето на перењето на постелнината влијае и на другите делови од креветот.

„Нередовното чистење на чаршавите и навлаките за перница им дозволува на течностите да преминат на перницата и душекот, кои е многу тешко детално да се исчистат“.

Препорака од експертите е постелнината да се пере еднаш неделно, а доколку сте биле болни, настинати, сте имале вирус или рана, повреда, да се менува и почесто.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.